Авионот во кој била поп-ѕвездата Мајли Сајрус го удрило гром, па морал принудно слета.
Пејачката заедно со семејството, пријателите и бендот патувала за Парагвај за да настапи на последниот концерт од нејзината јужноамериканска турнеја, но авионот го зафатило невреме, па морала принудно да слета.
View this post on Instagram
– Нашиот авион го погоди големо неочекувано невреме и го удри гром. Мојата екипа, бендот, пријателите и семејството, кои патуваа со мене, се безбедни по принудното слетување – напиша пејачката на Инстаграм, а подоцна сподели слика од оштетениот авион.
– За жал, не успеавме да слетаме во Парагвај – изјави пејачката, која полетала од Богота, Колумбија.
View this post on Instagram


