Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.720 тестови, а регистрирани се 319 нови случаи со КОВИД-19, еден починат и 258 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Од новозаболените 319 случаи од Скопје се 184, Битола – 25, Кавадарци – 23, Куманово – 14, Прилеп – 11, Велес и Кичево – по 9, Гевгелија – 7, Охрид – 6, Неготино и Делчево – по 5, Кочани – 4, Штип, Дебар, Пробоштип, Кратово и Демир Хисар – по 2, Тетово, Струга, Свети Николе, Радовиш, Берово, Валандово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (319), регистрирани се 59 реинфекции.
Починато лице е од Скопје на возраст од 66 години и со регистриран коморбидитет. Починато е во болнички услови.
Од 258 оздравени пациенти од Скопје се 148, Битола – 20, Охрид – 15, Прилеп – 13, Кавадарци – 9, Куманово – 8, Велес, Гевгелија и Струга – по 5, Кичево, Кочани, Тетово, Виница и Гостивар – по 3, Неготино, Радовиш, Струмица и Македонски Брод – по 2, Штип, Дебар, Пробиштип, Ресен, Крива Паланка, Демир Капија и Дојран – по 1.
Направени се 2.720 тестови преку: ИЈЗ-287, ЦЈЗ Скопје-96, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-24, ЦЈЗ Тетово-1, ЦЈЗ Куманово-71, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–190, Жан Митрев (Филип Втори)-63, Авицена-70, Биотек-212, Систина-45, лабораторија Лаор-95, Синлаб-12, Ремедика-14, Плодност-19, Генеа-5, Никоб Лаб-164, ВФВ Медикал-60, Ели Медика Плус-32, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-16, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–3, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.142.
Досега во земјата се направени вкупно 1.944.313 тестирања на КОВИД-19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 304.047, бројот на оздравени пациенти е 292.886, на починати е 9.188, а на активни случаи изнесува 1.973.


