Боби Гидиоски е новиот началник на СВР Штип – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/22 2:03 PM

Боби Гидиоски е новиот началник на СВР Штип

СВР Штип доби нов началник. На местото на досегашниот началник Марјан Коцев, кој заминува во пензија, поставен е м-р Боби Гидиоски.

Гидиоски досега  ја извршуваше функцијата Началник на Одделението за внатрешни работи Свети Николе.

Началникот Боби Гидиоски е дипломиран правник – магистер по политики, со над 25 години работно искуство во безбедносните служби.