Готово е, УЕФА го призна поразот: Богатите клубови ќе може да трошат безмилосно – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/22 6:00 PM

Готово е, УЕФА го призна поразот: Богатите клубови ќе може да трошат безмилосно

Со воведувањето на финансискиот фер-плеј, УЕФА се обиде да ги ограничи најбогатите клубови во светот да трошат пари што не ги заработиле, а слободно може да се каже дека не успеале во тој план.

Затоа се бараше нов модел, се зборуваше за „селери кап“ каков што јима во НБА лигата, но УЕФА на крајот реши да попушти пред најбогатите и речиси ќе ги укине сите ограничувања. Односно, тоа ќе остане очигледно, чисто за да се „измамат очите“, бидејќи новиот механизам им овозможува на клубовите немилосрдно трошење.

Александар Чеферин и неговите соработници смислиле план според кој клубовите ќе можат да трошат 70% од вкупните приходи на трансфери, што е еден вид пораз на финансискиот фер-плеј и на УЕФА воопшто, пренесува Њујорк Тајмс.

Словенецот пет години се обидуваше да најде начин да воведе „селери кап“ што ќе ги ограничи најбогатите клубови во Европа, но на крајот мораше да се откаже од овој концепт. Според новите прописи, клубовите ќе можат да трошат уште повеќе отколку што трошеа за време на финансискиот фер-плеј.

И не само тоа, туку УЕФА ќе дозволи тригодишен период во кој клубовите прво ќе можат да трошат 90% од вкупните приходи на трансфери, па по три години од спроведувањето на новото правило, тој ќе се намали на 70%.

УЕФА најстрого ќе ги казни сите што ќе го прекршат новото правило за финансии, па се споменува дека ќе им бидат одземени бодови, а најголемата казна е исфрлање од Лигата на шампионите.

Одлуката е оправдана со финансискиот колапс на клубовите за време на пандемијата на корона вирусот – што не се забележува толку колку што се зборува – и веќе е јасно дека оние од лигите со „посилни“ ТВ права ќе поминат многу подобро. На тој начин Англичаните ќе имаат предност пред да речеме Италија, па тоа може да доведе до нови спонзорски договори.

Во меѓувреме, многу клубови се под истрага поради лошите финансии и ги чека договор со УЕФА, а веста е дека ќе се толерираат и до 10 милиони евра во книшките меѓу приходите и трансферите.

Многумина сметаат дека УЕФА ја донела оваа одлука за да ги задоволи клубовите кои сакаа да ја основаат Суперлигата на богатите.

извор: Mondo.rs