Не само КАМ, туку и други маркети пресметувале ДДВ на оризот и млекото, соопштија од УЈП – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/22 1:43 PM

Не само КАМ, туку и други маркети пресметувале ДДВ на оризот и млекото, соопштија од УЈП

Управата за јавни приходи, ја информира јавноста, дека завршија контролите на терен во „КАМ”  и ниту еден маркет  не е затворенниту пак до овој момент има изречено казни кон овој даночен обврзник.

„Со првичниот и прелиминарен увид на терен, инспекторите утврдија дека дел од  малопродажните објекти не само во погоре посочениот маркет, туку и кај  некои други маркети на големите ланци, се пресметувалo 5% ДДВ за основните производи за храна.

Дел од маркетите,  продавале масло за јадење,  свежо говедско месо, ориз и млеко со пресметан данок на додадена вредност што пак е спротивно на одлуката на Владата и на измените во  Законот за данок на додадена вредност.

Без селекција и преку  надворешните контроли кои ги извршуваат инспекторите на УЈП,  кај сите даночни обврзници се проверува целокупното работење за одредениот период, односно, се контролира правилното искажување на приходите и трошоците од работењето кај даночните обврзници кои покажале отстапки по однос на примената на даночната стапка, односно со намалување на ДДВ од 5 на 0%.

Инспекторите постапуваат по пријави на граѓани и извршуваат  увид и контрола, секаде каде што веќе имаше укажување и сомневање дека постојат индиции за непочитување на законите при работењето“, соопштија од УЈП.

Управата за јавни приходи ќе продолжи со континуирани контроли на терен се со цел заштита на стандардот на граѓаните. Целта на контролите не е да се казнува, туку да се укаже на сите даночни обврзници дека законот мора да се почитува.

О.К.

фото: