Со крвна плазма спасуваше животи, сега треба да му се помогне – Перо Рујковски од Миравци моли за помош – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/22 12:11 PM

Со крвна плазма спасуваше животи, сега треба да му се помогне – Перо Рујковски од Миравци моли за помош

Велат дека животот е тркало, никогаш не знаеш кога ќе ти затреба помош, затоа секогаш кога ќе можеш помогни.

Ова на своја кожа го искусил гевгеличанецот Перо Рујковски, кој се разболел од корона, а немал лекови. Со помош на донации леговите за Перо се обезбедиле, тој оздравел, а потоа давал крвна плазма за да спаси други животи дури седум пати. Еден од тие, за кој се зборуваше е животот на 27 годишна кичевчанка, која со помош на плазмата од Перо, се спаси од вирусот. И не само тоа, Перо ги донирал лековите што му останале.

Но, овој човек сега е исправен пред друг проблем. Вели дека е фатен во кичмата, има страшни болни, но нема средства за да ја издржи целата физикална терапија.

-Јас сум невработен, имам четири мали деца од кои на двете видот им е сосема изгубен. Ниту јас ниту жената не работиме. Се пријавувам во Завод,  активен барател сум. Понекогаш хонорарно преку општина. Но, сето тоа не е доволно за да можам сега да си го решам здравствениот проблем, вели перо и додава:

-Лежам на под во болки, одам на физикална и има мало подобрување ама треба уште. Во Гевгелија на државно нема физикална, па затоа морам да одам во Негорски бањи. А секое идење од Миравци, каде што живеам до таму ми е 500 денари. Молам да ме возагт, бидејќи нема автобус. А јас поради пробелмите со кичмата, до пршлените не можам да одам. Имав среќа, два пати прележав корона, ама еве сега што ме снајде, објаснува Перо.

Тој ги моли сите добронамерни и хуманитарни луге доколку можат финансиски да му помогнат за да ја истера терапијата.

-Молам да ми се помогне.  Немам од каде да најдам пари да го завршам лекувањето. Живееме јас, сопругата и четирите деца до 4.000 денари социјална и помош и пари што ни даваат за децата, бидејќи ми се со посебни потреби. Не сум во можност да ги набавам ниту потребните лекови а камоли да одам на физикална. Затоа се обраќам за помош до сите оти верувам дека постои хуманоста и верувам во неа вели тој.

ММС