Која здрава храна е лек за борба против пролетниот замор – ММС
ММС

Објавено на: 03/23/22 8:00 AM

Која здрава храна е лек за борба против пролетниот замор

Дојде пролетта, но со сите нејзини привлечности и убавини, за многумина пристигна еден непријатен придружен проблем за оваа сезона – „пролетниот замор“.

Според лекарите и нутриционистите, главен „борец“ против симптомите на овој тип на замор се одредени намирници чијшто внес треба да се зголеми во пролетните месеци. Нутриционистите и лекарите ги препорачуваат овие пет видови здрава храна кои ќе ги намалат симптомите на „пролетниот замор“.
1. Цитрус

Цитрусните овошја како лимони, портокали, грејпфрут, мандарини содржат, како што е познато, големи количини на витамин Ц, кој е неопходен за добар имунитет, но и за подигнување на расположението. Поради својата неверојатна моќ во решавањето на бројни здравствени проблеми, цитрусното овошје го носи епитетот на шампион за здравје од природата.
2. Темно чоколадо

Докажано е дека консумирањето чоколадо го зголемува нивото на хормоните за задоволство во организмот и не прави среќни. Не само што уживаме во неговиот вкус, туку и земањето чоколадо во мали дози е здраво. Дава добро расположение.Чоколадото содржи и магнезиум. А најздравата форма е онаа која содржи минимум 70% какао.
3. Риба

Конзумирањето риба, особено масните како лосос, туна, сардина, секако е добра храна за здравјето. Станува збор за храна полна со витамини, како што е витаминот Д, а тоа е хранлива материја која треба да ја има во секојдневната исхрана. Покрај тоа, масните риби содржат омега-3 масни киселини. Овие супстанции во рибата го чуваат здравјето на мозокот и го поттикнуваат да функционира подобро, но влијаат и на нашето подобро расположение.
4. Зелен зеленчук

Спанаќот, зелените, младиот кромид, копривата, сремушот, зелената салата, блитвата се едни од зеленчуците кои треба да бидат незаменлив дел од секое пролетно мени.  Сите зеленила се неисцрпен извор на антиоксиданси, кои се заслужни за борбата против опасните слободни радикали. Зелениот зеленчук содржи големи количини на витамини Ц и Е, протеини и минерали. Најмногу железо, што е многу важно за спречување на анемија, за правилно функционирање на срцето, крвен притисок.
5. Ананас

Покрај тоа што е вистинска храна за детоксикација, ананасот ја стимулира циркулацијата и метаболизмот, а е и совршен сојузник за подобрување на кондицијата. Дава виталност и оптимизам, ги смирува нервите. Конзумирањето на ова овошје се препорачува и навечер, бидејќи се смета за „природно апче за спиење“, бидејќи содржи мелатонин, хормон за спиење. Со неколку парчиња ананас пред спиење, наутро ќе станете поодморени и порасположени.

Извор: espreso.co.rs