САД подготвен за ураганаот „Флоренс“, рафтовите во продавниците се празни – ММС
ММС

Објавено на: 09/13/18 9:54 AM

САД подготвен за ураганаот „Флоренс“, рафтовите во продавниците се празни

Многу градови веќе во целина се евакуирани во Јужна Каролина, затоа што најавено е дека ураганот „Флоренс“ треба да удри на источното крајбрежје на САД. Очекувањата се дека бранови од четири метри да нанесат огромни штети.

На местата каде што е највено дека „Флоренс“ ќе направи пустош останати се само најхрабрите кои се подготвени да ги бранат своите домови. Со евакуацијата на жителите, се празнат и рафтовите во продавниците па во овие делови на САД има и недостик на храна.

Предвидувањата беа дека „Флоренс“ ќе го промени правецот и со намален интензитет ќе удри на американското крајбрежје, сепак најновите информации кажуваат дека тоа ќе биде најсилниот ураган во последните 50 години.

На ударот на ураганот ќе се најдат и шест нуклеарни електрани, но од сојузната агенција истакнуваат дека нема простор да бидат загрижени за било каква опасност од електраните.

Според подледните информации, евакуирани се нешто помалку од два милиони луѓе од Јужна и Северна Каролина и Вирџинија.