Анастасија Котвицка, сопруга на украинскиот тајкун и политичар Игор Котвицки, наводно „се обидела преку граница да прошверцува 28 милиони долари и 1,3 милиони евра“. Таа била запрена на унгарската граница, каде цариниците во багажот и пронашле пари, па против неа е покрената кривична постапка.
Котвицки, некогаш најбогатиот пратеник во украинскиот парламент, изјави дека неговата сопруга ја напуштила земјата за да се породи, но тој негираше дека префрлил 28 милиони долари и 1,3 милиони евра.
„Сите мои пари се во украинските банки, ништо не подигнав“, рече Котвицки пред да ги затвори своите профили на социјалните мрежи.
Неговата ќерка Виолета, која се школувала во Швајцарија, рече дека приказната е „гласина“.
Се наведува дека огромната сума на готовина што ја понела со себе при напуштање на Украина на контролниот пункт Вилок не го пријавила, а парите ги пронашле унгарски цариници, пишува украински Обозревател, пренесува Дејли Меил.
Котвицки, наводно, ги контролира нуклеарните енергетски системи на Украина и наоѓалиштата на ураниум преку неговите соработници и има блиски деловни и политички врски со поранешниот министер за внатрешни работи Арсен Аваков.
Киевскиот бизнисмен Сејар Кушутов, кој го откри случајот Котвицка, рече дека цариниците знаат да примаат мито, што овозможува отстранување на готовината од земјата. Ништо подобра не е ситуацијата и во другите западни региони. Имињата на цариниците кои го прават тоа се добро познати во тесните кругови“, пренесува Дејли Мејл.
Котвицки беше пратеник во украинскиот парламент од 2014 до 2019 година и е еден од блиските соработници на Арсен Аваков, министер за внатрешни работи од 2014 до 2021 година.
Ukrainian media report that the wife of former MP Kotvytskyy tried to take $28 million and 1.3 million euros out of #Ukraine via #Zakarpattya.
The money was found by the #Hungarian border guards and forced to declare it. pic.twitter.com/ZCjDlIxdwB
— NEXTA (@nexta_tv) March 20, 2022
извор: Mondo
фото: Mondo/Profimedia


