(Видео) Малата Алина од Украина уште еднаш го расплака светот – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/22 3:51 PM

(Видео) Малата Алина од Украина уште еднаш го расплака светот

Малата Украинка Амелија Анисович, која го трогна светот кога ја отпеа песната „Let It Go“ во прифатилиштето, пееше на хуманитарен концерт во Полска каде моментално е со баба и.

Амелија на концертот ја отпеа украинската национална химна. Девојчето пееше пред илјадници луѓе во Атлас арената во Лоѓ.
На концертот наречен „Заедно со Украина“ настапија некои од најголемите музички имиња на Украина и Полска. Амелија претходно даде интервју за Би-Би-Си во кое им се заблагодари на сите кои го пофалија нејзиното пеење.


“Ви благодарам што ви се допадна моето пеење. Вежбам пеење секој ден, наутро, попладне и навечер. Вежбам, затоа и испадна толку добро”, заклучила девојката. „Отсекогаш ми беше сон да пеам“, додаде таа.