ВМРО-ДПМНЕ е типичен доказ како од од голтарска партија се станува најбогатата партија во Европа преку криминал и корупција, рече Дарко каевски од СДСМ, кој својот прес или своето искажување го направи пред палатата на ВМРО ДПМНЕ.
Но, додека тој читаше до него стоеше Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ и постојано дофрлуваше.
Од Каевски можеше да се слушнат обвинувањата:
-Признанијата пред македонските судови на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и пресудите како онаа за Титаник се само уште една потврда на тоа што јавноста многу добро го знае. Еве ја зад мене белата палата, симболот на криминалот, корупцијата и расипништвото на ВМРО-ДПМНЕ. Од мала „жолта куќа“ до „бела палата“ на 7 спрата вредна 40 милиони евра, со раскошни лустери, со скап мебел, теписи и уметнички дела. Побогата од партијата на Ангела Меркел, германската ЦДУ. Христијан Мицкоски е исто така класичен пример за тоа. Влезе голтар во политиката, па стана советник на Никола Груевски и сопственик на хидроцентрали и бизниси.
Како ВМРО-ДПМНЕ го стекна овој имот, како се финансирала партијата за време на нивниот 11 годишен режим, покажуваат бројни судски пресуди против некогашни функционери на партијата, како и бројните предмети кои се уште се пред судовите во државата. Затоа немаше пари за граѓаните, за поголеми плати, граѓаните паметет колку тешко живееа додека ВМРО-ДПМНЕ се богатеше. ВМРО-ДПМНЕ освен што е симбол за криминал и расипништво, е партија симбол на енормно богатење на поединци преку ноќ, рече Каевски, игнорирајки го присуството на Стоилковски.
Додека Каевски зборуваше, од Стоилковски се слушнаа дофрлања:
-Така е како на 30 години од типичен голтар се станува милионер, да се има четири милиони, да се купуваат станови, кој ќе биде конзул (шура ти е или зет ти е конзулот нов во Америка). Ова е симболот на „Еуростандард банка“. Дали парите во банка ти се од „Еуростандард банка“? Дали си ги заработил или си ги добил од својот дедо Албер Муслиу? Дали твојот шура за четири милони успеавте да го бутнете да биде конзул. Ај кажи ми како се откажа од Заев? Ало Пинки, ме слушаш ли што ти зборам? Како направи четири милиони и толку станови од кои сам ниеден не си купил. На 30 години! Многу ти беше тешко и затоа со дедо ти мораше да собереш пари од „РЕуростандард банка“ додека луге не можат да си ги извадат парите, заглавени се, рече Стоилковски.