(Видео) Додик им покажа среден прст на новинарите од службениот автомобил – ММС
ММС

Објавено на: 03/22/22 12:54 PM

(Видео) Додик им покажа среден прст на новинарите од службениот автомобил

Лидерот на СНСД Милорад Додик уште еднаш демонстрираше вулгарност и непримерно однесување кое член на Претседателството на БиХ не треба да си го дозволи, пишува Klix.ba.

Додик при денешното пристигнување пред Обвинителството на БиХ, каде дава исказ во врска со контроверзната набавка на вила во Белград, на присутните новинарски екипи им покажа среден прст низ прозорецот на службениот автомобил.

Не може да се процени кому точно е тоа адресирано, со оглед на големиот број присутни новинарски тимови, но со сигурност можеме да утврдиме дека овој потег ги надмина дури и несоодветните рамки на однесување на кои сме навикнати, пишува сараевскиот портал.

Инаку денеска во зградата на Обвинителството на БиХ во Сараево, Додик даде исказ за случајот со купување на вила на Дедиње во Белград.

Тој претходно рече дека случајот се покренува „од политички причини“ со цел да се одвлече вниманието од настаните во ФБиХ каде што не успеаја да се договорат за измените на Изборниот закон.

извор: Klik.ba