Првите луѓе на Медиа принт Македонија (МПМ), управителот Срѓан Керим и директорката Јана Станисављева, денеска се на распит во Специјалното јавно обвинителство. Двајцата денес на пладне се повикани да дадат исказ во рамки на истрагата – пишува порталот А1он.
Неофицијално, тие се повикани како сведоци во истрагата што ја води обвинителството за финансиските злоупотреби во компанијата на тогашните први луѓе, во чија сопственост беа весниците „Дневник“,„Вест“ и „Утрински весник“.
Извор: a1on.mk