Аукциската куќа „Кристи“ објави дека во мај ќе се продава портрет на Мерилин Монро од американскиот поп-арт“ уметник Енди Ворхол. Сликата е проценета на 200 милиони долари.
Станува збор за делото „Shot Sage Blue Marilyn“ („Мудрата Мерилин во сино“) насликано 1964 година, соопштија од „Кристи“. Познатата слика сега ѝ припаѓа на Фондацијата на Томас и Дорис Аман од Цирих. Средствата ќе бидат наменети за децата ширум светот и подобрување на животот преку здравствени и образовни програми.
„Сите приходи ќе одат во добротворни цели“, соопшти аукциската куќа.
Енди Ворхол (1928 – 1987) се смета за еден од најважните претставници на „поп-артот“. Насликал обвивки за неколку прехранбени производи, меѓу кои и „Кока-кола“. Познат е и по портретите на холивудските икони, а осмислил и омоти за два албума на рок-групата „Ролинг стоунс“.
МИА
Фото: .upi.com