Сообраќајка кај Џевахир, тројца повредени – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/22 3:57 PM

Сообраќајка кај Џевахир, тројца повредени

Предмалку на раскрсницата кај култе Џевахир се случила сообраќајна незгода во која учествувале автомобил и мотор.

Поради тоа пренасочен бил и сообраќајот на булевар „Трета македонска бригада.

-Првично, во 13.30 пријавена сообраќајна несреќа на раскрсница меѓу булеварите „Трета македонска бригада“ и „Србија“,  помеѓу ПМВ фиат и мотоцикл. Три лица се повредени, двајцата возачи и сопатник од мотоциклот. Тие се пренесени во ГОБ „Наум Охридски“ и на Комплекс клиники за укажување на лекарска помош, информираат од МВР.

Центарот за управување со кризи, пак, пред малку извести дека завршил увидот за сообраќајната незгода што се случи кај крстот, кај Џевахир, па сега сообраќајот на овој потег се одвива непречено и без застој.