„Трениравме секс и заведување за да извлечеме тајни од мажите“, открива бившата шпиунка на Путин, Алија Роза – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/22 9:00 PM

„Трениравме секс и заведување за да извлечеме тајни од мажите“, открива бившата шпиунка на Путин, Алија Роза

Како нешто од најлудиот шпионски филм што некогаш сте го виделе, порачаа од британскиот таблоид „Сан“ откако разговарале со Русинката Алија Роза (37). Оваа млада дама тврди дека се приклучила на воената академија во Москва кога наполнила 18 години, каде неколку години била обучувана како шпион, а потоа ја „фрлиле“ на терен.

– Дедо ми беше почестен за учеството во Втората светска војна. Тој е еден од хероите на нашата нација. Армијата отсекогаш многу значела за моето семејство – вели Алија и веднаш продолжува:

– На воената обука ги научив основите на боречките вештини, тестирањето, како и ракувањето со оружје. Потоа работев како агент во акции против трговија со луѓе и дрога. После тоа, јас и неколку девојки бевме поканети да продолжиме на повисоко ниво – вели Алија, која сега работи како ПР агент.

– На тој посебен тренинг не научија на заведување и манипулација. Имавме и специјални тренинзи за секс. Не во смисла на прирачник или книга, но ни покажаа како да „изведеме некоја акција“. Тие не научија како можеме да го користиме нашиот изглед за да извлечеме што е можно повеќе податоци од лицето кое го заведуваме. Сексот е многу важен во тоа. Ако сте успешни во заведувањето, но потоа кога ќе дојдете во кревет ќе „исчезнете“, мажот никогаш нема да ви ги даде своите тајни по кои сте дошле – заклучува Алија.

Таа раскажува и како избегала од Русија откако мафијашите, чиј шеф се заљубил во неа, се обиделе да ја убијат. Се инфилтрирала во криминална група и по неколку акции се нашла на мета на гангстери. Затоа морала да го смени името.

Затоа што поминала руска обука за шпион, таа смета дека знае што има во главата на Путин.

– Најважно е што живееме двојни животи. Ако ве пратат, на пример, да се преправате дека сте учител некаде, вие станувате тој учител. Само така, кога човек е 100 отсто внатре, акцијата може да биде успешна. Погледнете ги фотографиите на Путин. Јава коњ без кошула, риби, нурка… Тоа е како Џејмс Бонд. Тоа е бренд. Сите Руси сакаат да бидат такви. Луѓето го почитуваат и му се восхитуваат. Ве учат како да го постигнете тоа во воените училишта за тајни агенти – додава Алија.

Алија се уште има роднини во Русија, но е против војната. Иако им сервирала и неколку фотографии од сервисот, новинарите на Sun не успеале да ги проверат сите наводи на атрактивната Русинка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roza 🌹 (@aliiaroza)

извор: 24sata.hr/The Sun

фото: Marca.com

фото: theancestory.com/