Македонските девојчиња Илина(15) и Ева (12) Соколовски повторно се закитија со медали на натпревари по ритмичка гимнастика во Германија.
Илина и Ева се натпреваруваа во Сверте, во близина на Дортмунд, Вествалија каде едната го освои четвртото место, додека другата второ.
Четвртото место на Илина е исто како да освоила златен медал, бидејќи, прв пат се натепреварува со постарите гимнастичарки. Таа има само 16 години, но беше рамо до рамо со наптпреварувачка од 30 години, односно со сениорките.
-Овој натпревар беше на републичко ниво. Го освоив четврто место ама со многу мала разлика во поените, со многу мала предност, вели Илина.
Ева, пак, го освои второ место, а тоа што претходно беше позитивна од корона и веднаш замина на натпревар не и претставуваше никаков проблем.
Со овој резултат Илина и Ева влегоа во поуфиналето, а потоа ќе се натпреваруваат за финале, кое ќе се одржи во јуни, градорт Даан, на француска граница.
-Среќни сме. Не е лесно да се натпреваруваш со сениори. Јас бев четврта од вкупно 17 натпреварувачки, а бев најмала, вели Илина.
На сите професионални спортисти периодот на пандемија беше многу тежок, па така и Илина и Ева имаа проблеми со тренинзите.
-Овие две години ми беше многу тешко, не можев да ги видам баба и дедо и братучетка ми. Не можевме да тренираме, беше забрането поради короната, а јас бидејки сум во тимот за Бундес лига, нам како професионалци ни дозволија да вежбаме само три пати неделно, што не е доволно. Навистина проблем е короната за сите, па и за нас спортистите. Но, ете, иако чудно, сепак, сестра ми Ева се зарази, а јас не. А постојано сме заедно, објасни Илина.
Илина и Ева паралелно со спортот ги завршуваат и училишните работи и тоа со голем успех. Двете се доказ дека се што се сака се може и нема ништо тешко.
-Тешко е, јас или учам или тренирам, ама многу го сакам спортот и затоа не ми е ништо тешко. Тешко е сега што поради пандемијата не се тренираше, а сега, пак, покрај војната со Русија и Украина многу од гимнастичарките кои не тренираа мораа да си заминат. Така и јас и Ева моравме да го смениме клубот, биејќи еднаш се затвори поради корона, а сега сме со нов тренери во друг град ис екој ден патуваме околу 20 километри на тренинг. Ама не е проблем тоа, нас веќе сите не знаат,а тренерите не сакаат и многу се израдуваа кога додјовме во тој клуб, додава Илина.
Илина во својата кариера може да се пофали и со интернационални натпревари, на кои постигнувала големи успеси. Таа пред неколку години во Украина беше прогласена за принцеза на гимнастиката и овој спомен, колку што и го топли срцето, толку и ја растажува со оваа ситуација.
-Многу ми е жал што вака се случи во Украина. Имам убави спомени, бев на натпревар и бев прогласена за принцеза во Харков. Имам и слики пред зградата, кај што се натпреварувавме, а која сега веќе ја нема, додава тажно Илина, која уште од мала ги гледала денешните успешни гимнастичарки во Германија, а сега веќе се натпреварува заедно со нив.
-На натпреварот им кажав дека одсекогаш сум сакала да се натпреваруваме заедно и ете ми се исполни желбата, вели Илина.