И двете се мразат со јатрвите – Заедничка „грижа“ на принцезите, Кејт Мидлтон и Мери – ММС
ММС

Објавено на: 03/21/22 11:45 AM

И двете се мразат со јатрвите – Заедничка „грижа“ на принцезите, Кејт Мидлтон и Мери

Кејт Мидлтон (40) беше во официјална посета на Данска, каде се сретна со данската кралица Маргарет Втора (81) и нејзината снаа, принцезата Мери (50), чиј сопруг е престолонаследникот Фредерик (53).

Во центарот на вниманието беа Кејт и Мери, која ја нарекуваат нејзина „данска копија“, а некои велат дека има и повеќе стил од војвотката од Кембриџ.
Принцезата Мери блескаше во црн фустан и штикли кои одговараа на нејзиното бело палто додека Кејт го носеше нејзиното добро познато сиво палто. Под него носеше црн фустан кој го усогласи со црни потпетици. Кејт и Мери имаа слични фризури, благи бранови.

Многумина ја споредуваат ситуацијата на Мери со братот на нејзиниот сопруг, принцот Јоаким (52) и неговата сопруга, принцезата Мери (45) со онаа на Кејт и принцот Хари и Меган Маркл. За разделбата меѓу данските снаи почна да се шпекулира минатата година кога семејствата на принцовите не го поминаа Божиќ заедно, а упатените ги информираа данските медиуми дека принцезите не се поднесуваат.

Мери и Мари не се видени заедно од октомври 2019 година.

“Никогаш не беа блиски. Повремено изгледаше како да се зближуваат, но всушност никогаш не правеа ништо заедно, ниту приватно, ниту официјално. Тие водат различни животи”, рекол извор близок до кралското семејство.

Многумина беа изненадени кога Мери не беше присутна кога нејзиниот сопруг Фредерик отиде да го види својот брат Хоаким во мај, бидејќи итно беше однесен на операција. Мари, пак, привлече внимание со своите изјави за кралскиот живот и дека можеби не вреди сето тоа внимание.
“Не сме секогаш ние тие кои одлучуваат. Мислам дека е важно да се знае тоа. Сакав да живеам во Данска”, рекла принцезата Мари,  наговестувајќи дека кралското семејство одлучило да се пресели во Париз со сопругата и децата.

Како што пишуваат данските медиуми, таа е вознемирена што е во сенка на својот девер и снаа, како што тоа на Меган Маркл отсекогаш било проблем.

Извор и фото: stil.kurir.rs