Оваа недела, посебно во втората половина за кога се најавуваат вистински пролетни временски услови, се очекува нагло будење на вегетацијата и цветање на многу овошки, особено на коскестите видови, велат агрометеоролозите.
Ваквото време, додаваат, ќе овозможи и работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади околу меѓуредовата обработката и заштитата, активности во тутунопризводството за припрема на леи за расад, како и активности во градинарството кои се вообичаени за овој период од годината.
Сепак, не се исклучени штетите од измрзнување, посебно во овоштарството, поради ниските температури за време на викендот и претходната недела.
-Разладувањето на атмосферата со ниските минимални утрински температури кои минатата недела паднаа и до -12 степени, со право ги вознемирија земјоделците, особено овоштарите поради евентуалните штети од измрзнувања кои не се исклучени, особено во регионите каде веќе беше почната вегетацијата. Очекуваното повторно заладување во текот на викендот со пад на температурите и негативни вредности до -4 степени не ја исклучува можноста од измрзнување ако се земат предвид понапредните фази на развој кај овошките во овој период и нивната намалена издржливост во тие фенофази, истакнуваат од УХМР.
МИА
Фото: Freepik