Марија Маринковиќ во една прилика изјави дека радоста од создавање музика и музичките соработки се нејзино погонско гориво, а во последната година тоа и во целост го потврди.
Марија која музичката кариера ја почна како дел од „Фрајле“, за кои ги напиша и некои од нивните најголеми хитови, во неполна година соло кариера ниже успех по успех.
Сега претставува со новиот сингл насловен „Моја душа“, за кој ги напиша и текстот и музиката. Композицијата и овој пат е нешто во чии зборови многумина ќе се препознаат, а Марија и сега го стави својот препознатлив музички печат.
Новиот сингл е резултат на соработката со тројца продуценти, а тоа се искусниот Драган Брнас и младиот двоец 8bit, зад кој стојат Рандо Стипишиќ и Лука Мрдуљаш.
Спотот е сниман во Истанбул и раскажува љубовна приказна за припадноста кон една душа која ветува прегратки и припадност во моментите на најголема неволја.
Автор на спотот е Сандра Марковиќ, која со прекрасни кадри го следи текстот од песната сѐ до последната прегратка.
Песната инаку е продолжение на успешната соло кариера на Марија која ја стартуваше пред неполна година. Откако на минатогодишната Дора групата Камби го отпеа нејзиниот хит „Заљубљен“ веднаш беа прогласени за најголемото позитивно изненадување на тој фестивал.