Мора да останете до починатото лице доколку почине во авион додека лета – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/22 10:00 PM

Мора да останете до починатото лице доколку почине во авион додека лета

Смртта во авион веројатно не е толку невообичаена како што изгледа на прв поглед, но дали некогаш сте се запрашале што се случува кога некој ќе умре во лет? –  Eдна стјуардеса одговори на тоа прашање.

Стјуардесата телефонски одговорила на подкастот „Other People’s Lives“ и открила некои од работите што се случуваат кога некој ќе умре на висина од 10.000 метри.

„Она што секогаш ме полудува е тоа што мораме да ги вратиме на нивното место. И, мораме малку да го навалиме седиштето и да ставиме ќебе до вратата затоа што не можеме да им го покриеме лицето. Значи, ако летот е полн, а лицето до тебе има срцев удар никогаш не можеме да се помрднеме, имаш мртов до тебе додека не слетаме“, изјавиla анонимна стјуардеса.

Стјуардесата раскажала дека доколку некој од патниците праша дали лицето е починато, тие треба да дадат одговор „така изгледа“, најверојатно со цел да не се создава паника.

Иако такви работи се случуваат, всушност е многу мала веројатноста тоа да се случи на летот на кој се наоѓате, а потоа е уште помала веројатноста дека вие ќе бидете личноста која ќе седи до мртвиот до крајот на летот.

Преземено од: https://www.kurir.rs/