Мислам дека Канјие ме заследи по грешка или случајно, вели Карлеуша – ММС
ММС

Објавено на: 03/19/22 6:00 PM

Мислам дека Канјие ме заследи по грешка или случајно, вели Карлеуша

Српската поп-ѕвездата Јелена Карлеуша синоќа настапи на Music Week на Копаоник, каде приреди незаборавно шоу, а пред да излезе на сцената одговараше на прашања на новинарите и зборуваше за нејзиниот нов пријател на Инстаграм, Канјие Вест, за настапот на Анастасија Ражнатовиќ, но и за нејзиниот сопруг, Душко Тошиќ.

Имено, ЈК и овој пат ги воодушеви сите присутни со својот уникатен стајлинг, а веднаш истакна дека секогаш со задоволство доаѓа на Копаоник.

– Копаоник е мојата омилена туристичка дестинација во Србија. Додека не го открив Копаоник, не сакав скијање и снег. Ова е српскиот бисер на туризмот – изјавила Јелена.

На коментарот дека е „најубавата риба“ во Србија, Карлеуша овој пат изненади со својот одговор, но и измами насмевки.

– Мислам дека не сум најзгодна, но се надевам барем посебна, се обидувам. Мислам дека костимот и сценскиот изглед и изгледот на жената во шоу-бизнисот воопшто, е важен елемент. Конкуренцијата е огромна, правилата се менуваат. Телото е само уште еден плус. Убава жена не може да добие минус – изјави пејачката.

Костимот на неа и овојпат успеа да го привлече вниманието на сите, а Јелена призна дека и е удобно во него, но дека често се случува после настапот да заврши во модринки.

– Костимот ми е удобен, но некој да ми пријде би било многу болно. Можам да кажам дека по речиси секој настап сум во модринки и крвави солзи. Страдам заради тоа на публиката да и дадам нешто повеќе – изјави ЈК.

Карлеуша коментирала и за настапот на младата популарна пејачка Анастасија Ражнатовиќ која неодамна го имаше својот прв настап, во Париз. На прашањето дали би присутвувала на нејзин концерт, таа одговори:

– Искрено, не би. Мислам дека е „губење пари“ ако треба да купам карта. И не би го направила тоа и бесплатно – изјавила Јелена.

Канјие Вест и Карлеуша неодамна се заследиа на Инстаграм, а пејачката сега изјави дека мисли дека тоа се случило сосем случајно.

– Мислам дека Канјие ме заследи по грешка или случајно. Шега на страна, ако го забележите профилот на светските ѕвезди кои ме следат, тие се претежно Американци или Афроамериканци. Поради некоја причина, мојата естетика им одговара. Претпоставувам дека тоа е модна причина – изјави Карлеуша, а потоа откри каков однос има со сопругот Душко Тошиќ:

– Се е во ред.

Преземено од: https://www.telegraf.rs/
Фотографија: https://www.telegraf.rs/