Во денешното гостување на емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77, на тема Украина и Русија дебатираа бизнисменот Трифун Костовски и Петар Богоевски од политичката партија Македонски концепт. Во текот на дебатирањето дојде до кулминација и несогласување со ставовите, па дебатата замина малку во поинаков правец.
Костовски до Богоевски истакна дека неговото тумачење е субјективно.
-Јас историјата ја сакам ја користам и ја употребувам за да не ги правам истие грешки, меѓутоа луѓе сме и грешки правиме. Зборуваш ти за милиони луѓе загинати во Украина, а во цела Втора светска војна Советскиот сојуз има се на се 21 милион загинати цивили и војска, а ти ми збориш за Украина 12 милиони. Ги напаѓаш олигарсите…Што е според тебе олигарх? – Што ти знаеш за биснис, ти си општественик? – Петар ти не знаеш ништо, тато носи, мама меси, рече Костовски.
На што Богоевски возврати со – Тоа тато носи, мама меси на твоите деца, твоите деца се воспитати тато носи, мама меси. Јас сум дечко роден во работничка фамилија, сам пораснат, сам школуван, сам создал бизнис и се во својот живот имам сам создадено со моето семсјтво.