Владата на Србија донесе уредба за субвенционирање на набавка на електрични и хибридни возила, а физичките и правните лица, како и претприемачите имаат право на стимулација од 250 до 5.000 евра.
Оваа мерка во Србија првпат е воведена на 12 март 2020 година, а според податоците на Министерството за заштита на животната средина интересот бил голем. Се проценува дека таа година биле продадени околу 800 вакви возила.
Затоа продолжи примената на оваа мерка за која барања може да се поднесуваат до Министерството за заштита на животната средина до 31 октомври 2022 година.
Постапката може да се прекине, како што е наведено во Правилникот, доколку износот на средствата наменети за субвенции не е доволен за одобрување на сите поднесени барања.
Љубителите на мопеди и трицикли имаат право на помош за купување во вредност од 250 евра, а заинтересираните за мотори, тешки трицикли, како и лесни и тешки четирицикли, можат да добијат субвенција од државата во износ од 500 евра.
За четири тркала кои имаат најмногу девет патнички седишта, како и за камиони чија тежина не надминува 3,7 тони, а имаат исклучиво електричен погон, државните субвенции изнесуваат 5.000 евра.
Што е електричен автомобил, а што хибрид?
Електричен автомобил значи дека за негово палење се користи само електрична енергија. Не троши гориво, туку се полни преку полначот, на сличен начин како при полнење на телефонот.
Преземено од: https://www.srbijadanas.com/