Дури 86,6 отсто од Русите толерираат и поддржуваат потенцијален напад на територијата на Европската унија, вклучувајќи ги: Полска, Естонија, Латвија, Литванија, Бугарија, Чешка, Словачка и други, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од „Актив Груп“.
Процентот на Руси кои ја одобруваат идејата за воена инвазија на следната земја и веруваат дека тоа треба да биде Полска е 75,5 проценти.
Според испитаниците, ова е логично продолжение на таканаречената „воена специјална операција на Руската Федерација“. Освен тоа, според анкетата, 75 отсто од испитаниците толерираат употреба на нуклеарно оружје од страна на нивната влада во различен степен, пренесува Данас.
Додека само 13,4 отсто од руските граѓани имаат негативен став кон воената инвазија на други земји, 46 отсто од испитаниците се апсолутно сигурни дека руската влада треба да ја нападне ЕУ, а 40,6 отсто сметаат дека е дозволено ширење на непријателствата.
Според анкетата, трите земји кои ќе бидат цел на Русија се: Полска (75,5 отсто), балтичките земји, вклучувајќи ги Естонија, Литванија, Летонија (41 отсто), Бугарија, Чешка, Словачка и Унгарија (39,6 отсто). Во анкетата, испитаниците имаа можност да изберат неколку земји.
Само 25,5 отсто остро се противат на употребата на нуклеарно оружје. Од испитаниците 40,3 отсто сметаат дека нуклеарен напад е апсолутно прифатлив, а 34,3 отсто до одреден степен ќе ја поддржат ваквата одлука на руските власти.
Руското јавно мислење, се проценува, може да биде репер за потенцијалните акции на Кремљ за светската заедница.
„Општиот впечаток од анкетата е дека Русите, кои се согласија да комуницираат со анкетарите, се лути не само на Украина, туку и на ЕУ. Испитаниците или одбиваат да комуницираат откако ќе ја дознаат темата на интервјуто, или се изјаснуваат дека се подготвени да поддржат и одобруваат понатамошни руски упади во други земји“, коментира Андриј Еременко, основач на истражувачката компанија „Актив груп“.
Социолозите од украинската компанија „Актив груп“ решија дополнително да истражат до кој степен руското општество е агресивно. За одговорот е спроведена телефонска (Вибер) анкета по форматирана методологија (примерокот е репрезентативен според предметот на федерацијата, полот и возраста на испитаниците).
Резултатите од истражувањето може да се видат на Danas.rs.
извор: Nova.rs
фото: schengenvisainfo.com/ Chernetskaya /Dreamstime.com