Спијат со Зеленски на иста перница за 20 евра – Уморен, неизбричен во зелената маица станал секс симбол – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/22 2:58 PM

Спијат со Зеленски на иста перница за 20 евра – Уморен, неизбричен во зелената маица станал секс симбол

Чешки дизајнер смисли нов начин за собирање пари за помош за Украинците погодени од војна – прави перници со портрет на нивниот претседател, Володимир Зеленски, за кој вели дека станал украински секс симбол.

Зеленски, уморен, неизбричен, но пркосен во својата препознатлива зелена маица, стана лице на украинскиот отпор на руската инвазија, собирајќи ги своите сонародници од својот бункер во Киев во секојдневните преноси на социјалните мрежи.


Бринек, кој води сатиричен канал на Инстаграм наречен ТМБК, кој има повеќе од 540.000 следбеници и обично се потсмева на политичарите, рече дека неговата ограничена серија рачно изработени перници добила повеќе од 2.000 нарачки и собрала околу 19.000 долари за да им помогне на Украинците погодени од војната.

„Идејата беше навистина шега, но профитот навистина може да и донесе нешто добро на Украина“, рече Бринек и додаде дека сега планира да направи уште една серија од голем интерес.

Извор: index.hr

Фото: Видео принтскрин