Доаѓам од затвор и видете како сум скоцкан – Боки 13 за тоа колку е богат, од каде му се парите и врските со власта – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/22 12:39 PM

Доаѓам од затвор и видете како сум скоцкан – Боки 13 за тоа колку е богат, од каде му се парите и врските со власта

„Сум бил дете од нормално семејство, никад не сме биле без пари. Уште како дете сум се издвојувал од останатите, но тоа е мојот живот. Доаѓам од затвор и видете како сум скоцкан. И тоа некој го земал за зло“.  Вака Бојан Јовановски пред судот се опиша себе и својот живот, со намера еднаш засекогаш да ја расчисти маглата за тоа од каде му се парите.

Рече дека носел големи ѕвезди, продуцирал свои емисии, учествувал во реални шоу емисии, а бил вработен во МТВ, но и во странски компании, вклучувајќи ја и Пинк продукција. Примал сериозни хонорари и плата.

-Со тоа сум заработувал и пари, па во таа смисла имате и потврда – сум примил сериозни износи. Сум добивал спонзорства од компании по 50.000, 60.0000 па и 100.000 евра. Дел се потрошени, дел се во семејни трошоци. Поради спор, неколку години ми е блокирана сметката. Сум земал хонорари и за тоа се платени придонеси. Зарем мислите дека овие кои не сакаат да ме видат пред очи и повеќе сакаат да ме видат во ковчег, ќе го оставиле тоа така?!, рече Јовановски.

Во прилог на тоа дека располагал со пари тој и неговото семејство, Бојан Јовановски приложи податоци дека неговата баба, мајка на неговиот татко била економџика.

-Баба ми има оставено средства на мојот татко, а фамилијата од страна на мајка ми е во десетте најпознати стари скопски фамилии. Како пример, фабриката ФАС градена на земјиште денационализирано од имотот на мајка ми. На нејзиното семејство и’ е одземена куќа на плоштадот, каде кафеаната Пелистер. На местото каде сега е МНТ имале куќа. Во време на национализацијата им е одземено 80 и кусур кофи со злато. Немојте да мислите дека јас сум паднал од Марс, кажа Јовановски.

Објасни и за тоа како е настаната 1ТВ тврдењето дека ги употребил парите од измама за таа телевизија. Јовановски рече дека телевизијата е во 95 отсто сопствеништво на неговиот татко Миле Јовановски, додека 5 отсто на Јасна Мандиќ. Инвестицијата била од неговите и од семејните пари и со помош од пријатели.

-Доведена е во прашање легалноста на телевизијата , каде работеа повеќе од стотина лица, од каде примаа плата. Единствената висина е дека истиот Силјан Мицевски, ако сме го измамиле, (иако не можеш да измамиш таков човек, кој на дневни основи комуницира со сите. А тендери колку има добиено, јас немам толку влакна на косата. Во таа смисла, ако е измамен зошто да и’ даде кредит на 1ТВ од неговото финансиско друштво?! Најважната работа – во мај 2019, ако сум ги измамил и едниот и другиот (Амзовски) немаше да дојде ФОН факултетот во сопственост на семејството Цановски, кое е во блиска релација со семејството Амзовски и немаше да се рекламира на телевизијата. Тоа не го платија, туку е минусирано од долгот, рече Јовановски во завршните зборови во предметот „Меѓународен сојуз“, каде е првообвинет.

-Не сум цвечка за мирисање, нуту сум најчесниот човек на светот, но за ова дело најмалку сум виновен, кажа Јовановски, според кого ништо од ова наводите во предметите не можело да се случува без знаење на „главата“ Зоран Заев.

Со тоа заврши судењето за овој предмет, по што се очекува изрекување на пресуда.