Јапонска компанија на непушачите им дава шест дена подолг одмор од пушачите – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/22 12:11 PM

Јапонска компанија на непушачите им дава шест дена подолг одмор од пушачите

Една компанија во Јапонија одлучи да им даде на непушачите подолга пауза од пушачите, за шест дена.

Со тоа, компанијата, како што се објаснува, сака да го изедначи работното време на пушачите и непушачите, бидејќи пушачите поминуваат многу време во текот на работниот ден пушејќи.

Бидејќи пушењето е забрането во сите компании, вработените мораат да одат на „пуш-пауза“, што им дава подолги паузи од непушачите.

Затоа јапонската компанија „Piala Inc“ реши да им го продолжи одморот на непушачите, откако еден непушач се пожали дека “пуш-паузите“негативно влијаат на продуктивноста и не се фер кон другите вработени.

Како што пишува британски „Телеграф“, оваа мерка е веќе на сила и четворица од 42-ца вработени кои пушат, веќе решиле да ги остават цигарите во корист на дополнителни шест слободни денови.

izvor-avaz.ba

foto-pharmamedica