Летаат тужби на српски евросонг- Аца Лукас не се помирува со поразот на Беовизија, ги тужи членовите на жирито – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/22 8:00 PM

Летаат тужби на српски евросонг- Аца Лукас не се помирува со поразот на Беовизија, ги тужи членовите на жирито

Аца Лукас очигледно не се помирува со поразот на овогодинешната Беовизија, па сега реши да ги тужи членовите на жирито.

Популарниот српски пеач реши да тужи дел од членовите на жирито од полуфиналето и финалето, генералниот директор на РТС Драган Бујошевиќ и уредничката на Забавната програма на Јавниот сервис на Србија, Оливера Ковачевиќ.

Лукас смета дека жирито го оштетило и затоа немал доволно гласови.

Пејачот во тужбата наведува дека за него не гласале Жељко Васиќ, Тијана Милошевиќ, Уна Сениќ, Владимир Николов и Неда Украден поради „лични причини и несогласувања што постојат меѓу Драган Бујошевиќ, Оливера Ковачевиќ и самиот пејач“.

Претседателката на жирито Неда Украден е збунета од обвинувањата на Лукас.

„Како да ја коментирам тужбата на човекот на кој само јас му дадов гласови, а на победникот не му дадов ниту еден глас? изјави пејачката за Курир.
Како и таа, и останатите членови на жирито беа изненадени од тужбата на Лукас, а уредничката на Забавната програма Оливера Ковачевиќ откри дека РТС ќе го тужи пејачот.

извор-express.ba

фото-архива