Ракометарите летнаа за Букурешт придружени од Серафимов и Костески – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/22 9:59 AM

Ракометарите летнаа за Букурешт придружени од Серафимов и Костески

По синоќешната победа од 30:22 на Романија, македонската репрезентација во ракомет претпладнето замина за Букурешт, каде утре во 17 часот ќе го игра реваншот за СП 2023 година.

Предводени од Кирил Лазаров, покрај ракометарите што играа синоќа, заминаа и Мартин Серафимов и Ненад Костески, додека на утрешниот меч нема да играат Кизиќ, Ѓорѓиев и Стојковиќ.

Македонската репрезентацијата синоќа во СЦ „Борис Трајковски“ триумфираше над Романија со 30:22 во првиот натпревар од првиот бараж за место на Мундијалот во Полска и Шведска.

 

фото: Ракометна репрезентација на Македонија