„Не сум транс жена туку геј“ – Како денес изгледа Кончита Вурст, некогашниот евровизиски победник – ММС
ММС

Објавено на: 03/18/22 9:35 AM

„Не сум транс жена туку геј“ – Како денес изгледа Кончита Вурст, некогашниот евровизиски победник

Нема кој не се сеќава на австриската пејачка, Кончита Вурст, која со песната „Rise like a Phoenix“  го освои првото место на Евровизија во 2014 година.

Кога на евровизиската сцена се појави со долга црна коса и брада, длабок шлиц и „штикли“ некои се шокираа, некои се згрозија, но никој не остана рамнодупшен. Но, откако победи и ја постигна целта, по еврвизија тој  покажа како изгледа кога ќе го соблече фустанот и ќе ги соблече „штиклите“.


Томас Том Нојвирт или Кончита и денес се занимава со музика, но сосема го промени имиџот, веќе не му е интересно да руши табуата и предрасудите на  традиционалното и конзервативно општество.
Тој неколку пати изјави дека не е транс жена. Дека е геј. Себеси се опиша и како драг кралица, која за оние кои не знаат е геј маж кој се облекува како жена.

Том ја користи заменката „таа“ кога сака да го опише својот лик кога е Кончит Вурст, но ја користи заменката „тој“ кога зборува за себе.