Нема кој не се сеќава на австриската пејачка, Кончита Вурст, која со песната „Rise like a Phoenix“ го освои првото место на Евровизија во 2014 година.
Кога на евровизиската сцена се појави со долга црна коса и брада, длабок шлиц и „штикли“ некои се шокираа, некои се згрозија, но никој не остана рамнодупшен. Но, откако победи и ја постигна целта, по еврвизија тој покажа како изгледа кога ќе го соблече фустанот и ќе ги соблече „штиклите“.
View this post on Instagram
Томас Том Нојвирт или Кончита и денес се занимава со музика, но сосема го промени имиџот, веќе не му е интересно да руши табуата и предрасудите на традиционалното и конзервативно општество.
Тој неколку пати изјави дека не е транс жена. Дека е геј. Себеси се опиша и како драг кралица, која за оние кои не знаат е геј маж кој се облекува како жена.
Том ја користи заменката „таа“ кога сака да го опише својот лик кога е Кончит Вурст, но ја користи заменката „тој“ кога зборува за себе.
View this post on Instagram