Пејачката Крстиња Тодоровиќ пред две години се појави на сцената на Звезда Гранда и од тогаш драстично го промени својот физички изглед.
Таа на сцената за прв пат зачекори со 160 килограми, а досега ослабе дури 90.
Прво беше на операција за намалување наелудникот, а потоа и на операција за отстранување на вишокот кожа, која ја финансирал Саша Поповиќ, а за која дал 6.000 евра.
View this post on Instagram
„Морав да се оперирам бидејќи инаку не можев да се ослободам од вишокот килограми. Мајка ми почина кога имав девет години, па утеха најдов во храната“, изјави Крстиња и додаде дека семејството видело дека се чувствувала подобро додека јадела. . па ѝ носеле уште. Кога сфатија дека претерувам, веќе беше доцна, изјавила таа, пренесува мондо.рс.
Пејачката откри дека била на столбот на срамот поради вишокот килограми.
View this post on Instagram
-На улица во Подгорица ми дофрлаа „маторицо“, свињо… Им возвраќав со насмевка, но кога дојдов дома плачев. Станав психички нестабилна, бидејќи читав се за себе на Интернет се и сешто: „нели ти е срам да изгледаш така, наказо“… Ме болеше што повеќе го коментираа мојот изглед отколку за пеење, но и тоа ме натера да сменам нешто.