Борисов не знае зошто го привеле, а од каде да знае човекот, рече неговиот адвокат за бугарските медиуми – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/22 11:21 PM

Борисов не знае зошто го привеле, а од каде да знае човекот, рече неговиот адвокат за бугарските медиуми

Бугарските медиуми јавуваат дека бившиот бугарски премиер Бојко Борисов ќе биде задржан во полиција 48 часа, според нивните закани.

Тие информираа дека на почетокот не дозволиле да му се приближи и  неговиот адвокат, но подоцна адвокатот на Борисов, Менко Менков изјавил:

-Не смеев да го видам, ме пуштија кај него дури по скандирањето.„Разговарав со Борисов, но и тој не знае ништо. Од каде знае човек“,  пренесува novini.bg.

Поддржувачите на поранешниот премиер се собираа и скандираа „Бојко!“ пред зградата на ГДНП.

Фото: Принтскрин видео