Актерка со разголени фотографии повикува да се стави крај на војната во Украина – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/22 10:00 PM

Актерка со разголени фотографии повикува да се стави крај на војната во Украина

Американската актерка и модел Каприс Буре позираше целосно гола на социјалните мрежи со натпис „Еб… ја војната“. Таа ја напиша оваа порака за поддршка на Украинците, но и за да ги поттикне другите да разговараат за застрашувачките настани на кои сме сведоци.

„Ги објавив овие фотографии вчера, но Инстаграм ги отстрани. Ги реобјавив денес. Се чувствувам многу силно поради пораката што ја испратив, но и поради слободата на говор која е доведена во прашање. Овие фотографии се провокативни и пораката е многу силна. Намерно го направив тоа за да ги поттикнам луѓето да разговараат.Општеството ја има оваа моќна платформа за да комуницира со светот, да промовира мир, како и да врши притисок врз оние кои донесуваат одлуки во наше име. Интернетот и социјалните мрежи ни овозможуваат слобода на говор“, започна Каприс со серија фотографии на кои позира целосно гола.

„Преку социјалните мрежи можеме да обликуваме перспектива и мислења. На хуманитарен план тоа е срцепарателно. Видов ужасни фотографии овде. Злото и недостатокот на почит се тажни. Ако ја погледнете историјата, ова е многу застрашувачко и не загрижува на многу нивоа. Луѓето кои сакаат да ја запрат оваа бесмислена војна, вклучително и оние кои храбро демонстрираат во Русија, ризикуваат да добијат 15 години затвор. Не сакаме војна, сакаме мир!“, заклучи Буре, која го крена средниот прст на една од фотографиите.

извор: Nova.rs

фото: Instagram/dailystar.co.uk/