Поп-пејачот Александар Тарабунов вчеравечер на скоро сите социјални мрежи ја објави својата најнова песна со наслов „Празен град“.
Ова е уште една во низата одлични песни кои Тарабунов ги создава за својата публика. Првите реакции за „Празен град“ се одлични. Композицијата наиде на позитивни коментари, а особено пофалби добива и видеоспотот, на кој и овојпат како режисер се потпишува добро познатиот Зоран Зонде Стојановски.
За оваа нова песна музиката, аранжманот и мастерот ги направи токму Александар, додека пак режисерот Зонде овојпат ја имаше улогата и на текстописец.
– Верувам дека ќе се допадне на публиката, бидејќи се што гледате и слушате во оваа нова песна е работено со многу љубов, а публиката тоа го препознава и го почитува. Јас сум задоволен од реакциите на луѓето кога првпат ја слушнаа, еве ќе ви откријам дека песната многу му се допаѓа на Игор Џамбазов, вели дека има светски звук- ни изјави познатиот пејач и музичар Александар Тарабунов.