Нема жена која не го посакува – Кој е Микеле Мороне, најпосакуваниот маж во Европа – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/22 8:00 PM

Нема жена која не го посакува – Кој е Микеле Мороне, најпосакуваниот маж во Европа

Микеле Мороне стана најпосакуваниот маж на светот, откако улогата во филмот „365 дена“ преку ноќ му донесе популарност и го освои целиот свет со улогата во филмот, кој минатата година беше најгледан на Нетфликс.

Впечатливиот Италијанец со улогата на шеф на мафијата го привлече вниманието на подобриот дел од публиката, која обожувањето го пресели на неговиот Инстаграм профил.
Неодамна прошета на црвениот тепих на првиот филмски фестивал во Саудиска Арабија, а изгледаше совршено во костум потпишан од брендот Долче & Габана.

Мороне го комплетираше костумот со ноншалантно откопчана бела кошула, црни, елегантни чевли и скап рачен часовник, а малку жени останаа рамнодушни на ова издание на познатиот заводник.


„Најубавиот човек на планетата“, „Крал“, „Боже, каков тип е“, „Задоволство е да го гледам“, „Ти си вистински дијамант“, се само дел од илјадници слични коментари од ентузијастички жени.
Ликот на Масимо, особено им се допадна на жените, иако беше претставен како негативец. Него го следи епитетот на маж подготвен на се за љубов и „добар антихерој“, а во комбинација со неговиот неверојатен изглед и шарм, јасно е дека тешко може да се одолее.

Оваа улога на 31-годишниот Микеле преку ноќ му ја донесе титулата за најпосакуван маж во Европа, а додека дотогаш можеше да каже за себе дека е само просечен италијански актер и пејач, сега е четвртиот најследен човек на социјалните мрежи во Италија и некој чие име е препознатливо ширум светот.

Овој впечатлив актер со години се занимава со глума и музика во родната Италија, но статусот на голема ѕвезда упорно го заобиколуваше.

Работите се сменија буквално за секунда кон средината на минатата година! Мороне вели дека на 7 јуни 2020 година се разбудил, посегнал по мобилниот телефон и како и обично ги проверувал социјалните мрежи и тогаш го чекало изненадување.
“Таа вечер кога легнав, имав околу 700.000 следбеници на Инстаграм, а кога се разбудив, таа бројка беше повеќе од 2,2 милиони! Се прашував што се случува, зошто се случи”, изјави тој минатата година.

Еден ден по објавувањето на филмот на Нетфликс, Микеле излегол станот во Рим за да купи леб. „Луѓето буквално трчаа околу мене во толпа и сакаа да се фотографираат“, се сеќава тој.
Беше неверојатна спротивност од животот што го живееше пред само две години – кога беше скршен, разведен и депресивен, а деновите ги минуваше во градинарство во мало италијанско село на север.


Микеле од 2014 година е во брак со либанската стилистка Руба Саде, со која има два сина – Маркус и Бренд. Двојката се разведе во 2018 година, по што го поврзуваа со италијанската балерина Елена Д’Амарио. Сепак, се шпекулираше дека е со хомосексуална ориентација, особено по дискутабилната фотографија на неговиот Инстаграм профил, каде во прегратка позира со манекенот Симоне Сузин, но тој сепак ги демантираше таквите гласини.

микеле

Извор: stil.kurir.rs

Фото: Инстаграм