Андреа втора одзади на обложувалниците за победа на Евросонг, само Словенија е „подобра“ од нас – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/22 1:05 PM

Андреа втора одзади на обложувалниците за победа на Евросонг, само Словенија е „подобра“ од нас

Пејачката Андреа во моментов на обложувалницитре се наоѓа на 39тото место, од вкупно 40 натпреварувачи на годинашниот Избор за песна на евровизија.

Српската претставничка од 16. место падна на 18то, додека од останатите екс Ју републики Хрватска е на 32то, Црна Гора на 38мо, додека Словенија на последното 40то место.

Првото место и натаму го заземаат претставниците на Украина, музичката група „Клауш оркестар“ и песната „Стефанија“ со неверојатни 37 проценти шанси за победа, додека на второто место се Италијанците и песната „Бривиди“, која има 15 проценти шанси. Во првите пет фаворити се и Шведска, Англија и Грција.

Ова не значи дека така ќе остане, бидејќи до Евросонг има уште два месеци и многу работи може да се сменат, а нашата претставничка да се искачи за некоја скала повисоко.

Но, треба да се земе предвид дека иако обложувалниците прилично ја отсликуваат реалната ситуација, сепак, тие не се секогаш точни.

(В.М.)