(Видео) Има 92 години, а трча како девојка – Баба Иванка е доказ како треба да се живее – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/22 9:00 PM

(Видео) Има 92 години, а трча како девојка – Баба Иванка е доказ како треба да се живее

Бабата Иванка Кљајевиќ (93) од селото Блишково во Црна Гора е можеби највиталната баба на Балканот. Иако има повеќе од 90 години  може да трча и тоа доста брзо.

Во десеттата деценија од животот преде волна и плете чорапи, пишува Вијести. Има ќерка, три сина, дванаесет внуци и три правнуци. Сепак, колку и да и помагаат, баба Иванка сака да ги зема работите во свои раце.

Најмногу се гордее со своите внуци, атлетски шампиони, чии бројни медали и пехари гордо ги чува. Ги има десетици.


Сепак, нејзината најголема радост е кога ќе ги собере сите во лето.

– Ги образував децата, јас не сум ама паметна сум. Знам да пишувам, но не знам кирилица или латиница. Знам математика во мојата глава, но не знам со молив – вели Иванка.

Таа е толку брза што камерата едвај ја фаќа. Скока од сеното, ја прескокнува оградата… Во десеттата деценија сама сече дрва, што е доказ дека се уште може да работи и дека има уште живот пред неа.
-Имав малку трнлив живот, но фала богу, се живееше. Се сееше пченица, се чуваа овци – вели баба Иванка.

Сигурната рака и нејзината работа кажуваат колку е силна оваа жена. Сепак, вели, важно е покрај себе да го имате вистинскиот маж, кој ќе ја почитува сопругата, сопружниците да се договорат, тој да биде домаќин.

– Со мене беше така – вели Иванка.

– Понекогаш малку ми се слошува, па соседите ми доаѓаат на помош. Се борам колку што можам, вели баба Иванка.