Каролина Биевлеска од Полска крунисана е за 70. Мис на светот!
Каролина е на магистерски студии по менаџмент и би сакала да ги продолжи студиите со докторат. Освен што работи и како модел, таа ужива во пливање и нуркање и играње тенис. Еден ден таа се надева дека ќе стане мотивациски говорник.
По крунисувањето Каролина се расплака и рече:
„Кога го слушнав моето име бев шокирана, сè уште не ми се верува. Чест ми е што ја носам круната на Мис на светот и едвај чекам да одам на работа. Ќе го паметам ова неверојатно поглавје во Порторико до крајот на мојот живот“.
Прва придружничка е Шри Саини од САД, а втора Оливија Јејс од Брегот на Слонова Коска.
Шоуто на Мис на светот беше емитувано во над 100 земји.
https://www.youtube.com/watch?v=rNO0racTZh4
Круната на новата победничка и ја додели актуелната Мис на светот, Тони-Ен а настанот се одржа во Порторико.
Изврор и фото: Фејсбук/Мис на свет