Констракта, која го испеа хитот „In corpore sano“ откри дека три минути си ги миела рацете со евтин сапун кој и ја иритирал кожата.
– На првата проба дојдов со евтин сапун. Потрошив само 20 денари и потоа рацете ми беа уништени. Не треба да ги миете рацете три минути, тоа е глупост – изјави Констракта во гостувањето на „Јутро на прву“.
Таа откри како настанала песната „In corpore sano“ и каде вежбала ваква кореографија.
-Со денови пишувам песни и ги чистам за да бидат едноставни и поетски. Песната е создадена додека имав многу време и го шетав кучето меѓу зградите. Короната ми го даде тоа слободно време и еве го. Настапот го дизајниравме во подрум, во мојот стан, во студио. Со мене беа моите пријатели и членовите на Земја на грувот, па заедно одиме во Торино да пиеме кафе – рече таа.