Руската новинарка Овсијаникова го одби Макрон за азил во Франција – ММС
ММС

Објавено на: 03/17/22 9:53 AM

Руската новинарка Овсијаникова го одби Макрон за азил во Франција

Руската новинарка Марина Овсијаникова  , која во понеделникот ги прекина вестите на руската телевизија во знак на протест против војната во Украина, го отфрли предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон да и’ даде азил во Франција. Како што соопшти, „не сака да ја напушти“ Русија.

-Ќе останеме во Русија “, рече Овсијаникова, мислејќи на себе и на нејзините деца во интервју за германскиот магазин Der Spiegel. Новинарката има 17-годишен син и 11-годишна ќерка.

-Јас сум патриот, а мојот син е уште поголем патриот. Во никој случај не сакаме да заминеме, не сакаме никаде да емигрираме“, нагласи таа. 

Макрон во вторникот рече дека е подготвен да и понуди „конзуларна заштита“ на Овсијаникова, или во француската амбасада или нудејќи ѝ азил во Франција. 

-Мојот живот се промени засекогаш, малку по малку го сфаќам тоа. Не можам да се вратам на мојот стар живот “, коментира 43-годишната новинарка за Der Spiegel. 

Овсијаникова се појави во понеделникот вечерта за време на провладиниот ТВ Канал 1 застанувајќи зад ТВ водителката на вести со плакат на кој пишуваше: „Не за војната. Не верувајте во пропагандата. Ве лажат!“.

Откако беше уапсена, таа беше казнета и ослободена, но ризикува кривично гонење според новиот закон донесен во Русија, кој предвидува затворска казна до 15 години за оние кои шират „лажни вести“.

„Тоа е војна против братски народ! „Ниту еден разумен човек не може да го прифати“, објасни новинарката, која е роден во Одеса, Украина од татко Украинец и мајка Русинка. 

Овсијаникова, која моментално се крие, ја опиша нејзината интервенција како „мирна акција: во интерес на Русија и на целиот свет е да се стави крај на оваа војна што е можно поскоро“.