Под девизата партнерство со дијаспората за здрава демократија денеска и утре во црногорскиот град Улцињ се одржува медиска конференција на проектот Media for all, каде фокусот е зацврстување на медиските врски со дијаспората. Дваесетина медиуми од регионот на Западен Балкан споделуваат искуството, како и можни моделите на доближување на медиумите до иселениците во светот, кои го задржале својот интерес за родниот крај.
На отворањето, британска амбасадорка во Црна Гора Керен Медокс, кажа дека на британската влада, која го поддржа овој проект, е битно да се види развој на медиумите во регионот.
-Медиумите се битен сегмент за демократскиот развој на регионот и известувањето фрла светло на битни работи за граѓананите и прави владите за бидат одговорни. Ова е битно да се спротивстават на лажните информации, бидејќи луѓето ги гледаат различните перспективи и различните извори на информации и поради тоа дел од прогресот е посветен на развојот на делување и медиумските организации да имаат одржлив модел, да растат и да се разви и бидат конкурентни. Затоа е битна дијаспората за развој на медиумите, изјави амбасадорката Медокс, која оцени дека секој треба да има пристап до информации во родната земја.
Дејвид Квин од Томпсон фондација рече дека отсекогаш постои врската меѓу медиумите и дијаспората, кој порано не беше така лесна, но сега имаме можности преку интернет да се зацврсти за локални прашања и праша на национално ниво.
-Што сака дијаспората, тоа е прашањето на инвентивноста. Дијаспората има различни интереси што некогаш се многу политизирани. Искуството со Ковид – 19 на некој начин ги изолира луѓето вклучувајќи ја и дијаспората и создаде можност за контакт и да им се каже што се случува дома. Тие информации ги нема на националните, туку на локалните медиуми, кажа Квин.
На конференцијата беа споделени повеќе успешните приказни што се реализираа преку овој проект, вклучувајќи и начини на монетизација.