Лоши вести доаѓаат од Сандра Булок (57).
Една од омилените холивудски актерки неодамна имаше премиера на новиот филм „Изгубениот град“, а по се изгледа ќе биде и последен. Одлуката на Сандра Булок да се пензионира и да престане да глуми е конечна.
– Ќе одвојам малку време за да бидам само мајка. Ќе се вратам во актерството, но не знам кога. Веројатно кога моите деца се тинејџери и имаат 16, 17 години – изјавила Сандра која ги посвоила синот Луис (11) и ќерката Лејла (8).
Таа истакна дека е свесна дека оваа одлука ќе има големо влијание врз нејзината кариера во иднина, но верува дека сега е најдобро. Таа им е потребна на децата и не сака да го стави семејството во втор план.
– Многу сериозно ја сфаќам работата. Но, дојде време кога сакам да бидам со моите бебиња и семејството 24 часа на ден. Отсега ќе бидам со нив и така ќе биде уште некое време – искрено изјави Сандра Булок за „Entertainment Tonight“ .
Извор: Курир.рс
Фото: Фејсбук