Слободно во „кафана“, не треба веќе сертификат на отворено – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/22 1:56 PM

Слободно во „кафана“, не треба веќе сертификат на отворено

Една од трите мерки кои денес ги донесе Комисијата за заразни болести на својот редовен состанок е и укинување на сертификатите во отворениот дел во угостителските објекти.  Овие препораки ќе се препорачаат до главниот кризен штаб а оттаму до Владата  за усвојување во најскоро време.

-Сертификати во отворени угостителски објекти веќе да не се бараат, но само во отворениот дел од угостителскиот објект. За внатре си останува исто, со маски, рече Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести.

На овој состанок беше донесена и третата препорака, а тоа е зголемување на капацитетот на исполнетост на затворени објекти, како опери, театри, кина и други. Досега максимумот беше 50 проценти публика, но сега одиме на 75 проценти.