Босанец продава југо за борба против вонземјани – ММС
ММС

Објавено на: 09/12/18 3:28 PM

Босанец продава југо за борба против вонземјани

Државјанин на Босна и Херцеговина го привлече вниманието на јавноста, откако во оглас го понуди својот автомобил. Станува збор за заставиниот модел „југо 45“, кој е прекриер со алуминиумска фолија и на кровот има „сателит“, а според сопственикот поради необичниот дизајн автомобилот е невидлив за вонземјани.

Во описот се наведува дека возилото е изработено во ограничена серија и е специјализирано за борба со непознати вселенски објекти. Воедно се наведува дека има 1.066 коњски сили, а дека максималната брзина не е позната.

Од стандардна опрема се наведува дека поседува десен ретровизор, резервно тркало, амбиентално осветлување со 1.000 бои, ауспух, пакет опрема за полиција, светлечко радио и друго.

– Освен тоа, возилото тешко се забележува на патиштата и може да се користи за други намени, најчесто прељуба – стои во огласот.

Од дополнителната „опрема за вселената“ возилото поседува сателитски комуникатор за сите фрекфенции, локатор за различни оддалечености, вклучително во светлосни години, како и фолија која го прави невидлив за вонземските радари и е непробојна за нивните ласери.

Со возилото следуваат и вселенски одела.

Почетната цена е 999 конвертибилни марки (околу 510 евра), а возилото наводно се наоѓа во Бања Лука.