На денешниот редовен состанок Комисијата за заразни болести донесе препорака во основните училишта децата веќе да не носат маски. Оваа препорака останува само за наставниците и вработените во училиштето.
-Ги ослободуваме учениците од обврската за носење маски. Оваа обврска останува само за професорите и техничкиот перонал, односно администрацијата во училиштето. Останува правото на избор на децата, односно доколку имаат некој дома болен па сакаат да го заштитат и затоа сака да носи маска, е негова желба, но не е веќе обврска, рече Петличковски, претседател на Комисијата.
Начинот на изолација, доколку некое дете епозитивно останува ист, тука нема промени.