Жена (32) од Делчевско го нападнала својот сопруг – ММС
ММС

Објавено на: 03/16/22 1:29 PM

Жена (32) од Делчевско го нападнала својот сопруг

Полицијата вчера расчистуваше случај на семејно насилство, откако 32-годишна жена го нападнала својот сопруг. Жената потоа е приведена.

Како што соопшти СВР Штип, настанот се случил вчера (15.03.2022 година) и е пријавен до полициската станица во Делчево.

-По пријавата полициски службеници од Полициската станица Делчево ја лишиле од слобода С.Ѓ.(32) од Република Албанија, со место на живеење во делчевско село затоа што околу 18.00 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиниот сопруг. По комплетирање на случајот против С.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Штип.