Американските разузнавачи откриле дека балистичките проектили истрелани од Русија кон Украина содржат изненадување: мамец кои ги измамува радарите за воздушна одбрана и ги замајуваат ракетите за термичка детекција, пишува Њујорк Тајм.
Уредите се долги околу еден метар, во облик на стрела и се бели со портокалова опашка. Тие се ослободуваат со балистичките ракети со краток дострел Iskander-M истрелани од Русија од мобилни фрлачи од другата страна на границата, изјави американски официјален претставник.
Тој додава дека мистериозниот објект се фрла кога проектилот ќе забележи дека е цел на странска противвоздушна одбрана.
Објектот е полн со електроника и произведува радиосигнали за да им пречи на непријателските радари кои се обидуваат да го лоцираат Iskander-M и содржи извор на топлина за привлекување проектили што доаѓаат. Службеникот, кој не бил овластен да зборува јавно за разузнавачки прашања, го опишал случајот, но побарал да остане анонимен.
This is an unidentified munition currently being found in Ukraine. At the moment an official identification has not been made. Any additional images, technical information or identification is very much appreciated: https://t.co/dtWwdIJaV3 pic.twitter.com/p2lWFeljYd
— CAT-UXO (@CAT_UXO) March 5, 2022
Пронајдените мамки би можеле да дадат одговор на прашањето зошто украинската воздушна одбрана има проблеми со пресретнувањето на руските ракети Iskander-M. Одговорот може да биде во овие мамки кои ја доведуваат во заблуда воздушната одбрана.
Iskander-M е балистички ракетен систем со краток дострел. Неговиот домет е повеќе од 400 километри.
Извор:index.h
Фото: Твитер