Според полицијата, жртва на насилство е жена (67) со азиско потекло, која по враќањето дома ја пресретнал маж, ја навредувал, а потоа силно ја удрил. Таа се обидела да го избегне напаѓачот, игнорирајќи го човекот кој е идентификуван како Тамел Еско (42). Потоа брзо влегла во фоајето на станбената зграда во која живее, но додека се обидувала да отвори друга врата, Еско и пришол одзади, ја удрил со тупаница во главата, ја соборил на под и почнал да се потсмева на неа.
Полицијата набрзо интервенирала, а повредената се здобила со повеќе контузии и рани на главата и лицето, скршеници на коските на лицето и крварење во мозокот и итно е префрлена во трауматолог и сега е во стабилна состојба.
Полицијата го уапси напаѓачот кој е во притвор во округот Вестчестер, а тој на социјалната мрежа Фејсбук објави вознемирувачко видео од нападот од надзорните камери.
извор: Mondo
фото: принтскрин